Апартманот Тифани е  лоциран во самиот центар на Охрид, во раздвижена зона, каде во кој правец и да тргнете ќе го имате Охрид на дланка.

Овој луксузен апартман има мирна и осветлена внатрешност и Ви нуди гостопримство, удобност и мирен и незаборавен престој. Без разлика дали сте на бизнис патување или на одмор, ова секако е идеалната локација за да ви е достапно се она што ве интересира во Охрид. Претставува перфектно романтично скровиште за Вас и најважната личност во Вашиот живот. Исто така е идеално сместување за семејство или пријатели.

Охрид е чудесен град и незаборавна туристичка дестинација. Лоциран е во срцето на Балканот и до него се стигнува од сите страни.
Не пропуштајте можност да ги посетите Охрид и Охридското Езеро.

www.ohrid.com.mk

www.ohrid.org.mk

 

Македонија

www.exploringmacedonia.com
www.macedonia.org

 

Наши пријатели

www.vilaflora.com

www.yumreza.org.yu

www.mkmreza.com

www.hallooglasi.net 

      

 

Апартманот Тифани е сосема нов и со стил опремен апартман каде можат да се сместат до пет лица.


 

 

Лоциран е на 150м од чаршијата, во близина на Societe General банката, на 5 мин од Охридското Езеро. Се наоѓа на втори спрат (има и лифт) во сосема нова зграда, и се состои од една спална соба, една дневна соба, опремена кујна, трпезариска маса, купатило, балкон и уште многу мали нешта кои ќе го направат Вашиот престој пријатен.
Ова е вистинското место за да ја почувствувата магијата на Охрид, кој е познат по своите кафетерии, ресторани, галерии, антички уметнички дела, уникатната галерија на икони и секако по својата раскошна природа.